Термособирачки кеси за вакуум пакување.

Термособирачки кесиТермособирачки кеси се вакуум кеси со широка примена во прехранбената индустрија. Се користат за пакување на еднокоморни и двокоморни вакумерки. Имаат сличен состав на обичните вакуум кеси, повеќе слоеви на PA (polyethylene) и PE (polyamide) со тоа што имаат и дополнителен слој EVOH (ethylvinyl alcohol) којшто пружа дополнителна заштита. Поради тоа овие кеси се одликуваат со поголема цврстина, повисок сјај, повисока отпорност на продупчување и губење на вакуумот (до 10 пати посилни од обичните вакуум кеси).

термособирачки кесиЕдна од најпозитивните нешта кај термособирачките кеси, а што воедно е недостаток кај обичните вакуум кеси, е тоа дека откако ќе се вакумира производот, и истите ќе се изложат на врела вода (75-90ºC, 2-3 секунди), се стеснуваат и го добиваат обликот на производот. Тоа е голем плус за визуелната презентација на производот. Така спакуваниот производ има подобра визуелна презентација бидејќи термособирачките кеси имаат повисока транспарентност и речиси и немаат видливи ќошиња и рабови.

Термособирачки кеси за вакуум пакување.

Термособирачките кеси нудат голем избор на решенија за пакување на кашкавал, месо и месни преработки, како и замрзната риба, месо, и месо со коски. Можат да бидат транспарентни, или во боја, и да бидат изработени во најразлични димензии во зависност од потребите на клиентот. Според намената, термособирачките кеси се делат на 4 основни групи:

  1. Термособирачки кеси за кашкавал. Овие се идеални за разни типови на кашкавал бидејќи дозволуваат респирација, или пропустливост на гасовите што ги испушта кашкавалот додека зрее. Најчесто се обоени (црвени, жолти), иако може да бидат и транспарентни и печатени со флексо печат. Може да бидат правоаголни, со обло дно, во трапезоиден облик, итн. Можат да бидат со прилагодена дебелина (микронажа), во зависност од потребите на клиентот и производот кој се пакува. Исто така, се прилагодува степенот на пропустливост на гасови во зависност од зрелоста на производот кој се пакува.
  2. Термособирачки кеси за месо и месни производи. Овие кеси се идеални за свежо и преработено месо, како и за млечни производи (кашавали и сирења) кои не испуштаат гасови. Нудат одлична заштита на производот и одлична визуелна презентација. И овие кеси доаѓаат во различни форми, бои, транспарентни и печатени, и со прилагодена цврстина за поголеми и потешки производи.
  3. Термособирачки кеси без бариера за замрзната риба и месо. Овие кеси се одликуваат со одлични собирачки својства и висока отпорност на продупчување. Тоа ги прави идеални за замрнзата риба и месо, како и месо со коски.
  4. Термособирачки кеси за термичка обработка на месо и месни производи. Овие кеси нудат одлични механички својства, висок степен на собирање, и издржливост на многу високи температури. Можат да бидат изработени два типа од овие кеси во зависност од тоа дали има потреба производот да се залепи на опаковката или не.

Вивавак Компани нуди широка гама на термособирачки кеси за вакуум пакување со супериорен квалитет. Доколку сеуште не сте сигурни кој метод и која амбалажа да ја примените за пакување на Вашиот производ, може слободно да не контактирате и да договориме состанок за консултација со цел да го изберете адекватното решение за Вас.

Bookmark the permalink.

Comments are closed