ТРИ ПРИЧИНИ ДА ИЗБЕРЕТЕ ШОК ЛАДИЛНИК ЗА ВАШЕТО ПРОИЗВОДСТВО!

flash 10-2

Три причини да изберете шок ладилник за вашето производство и да бидете чекор пред другите! Секоја комерцијална кујна, без разлика дали е тоа кетеринг, ресторан, слаткарница или погон за производство на смрзната храна (месо, риба, овошје, зеленчук…) треба да го има овој ладилник како составен дел од инвентарот. Шок ладилникот претставува комора во која може брзо да се изладат и замрзнат производите. Зошто треба да инвестирате во ваков ладилник:

1. Подобар квалитет и изглед на храната. 

Шок ладилник

Шумски плодови замрзнати во шок ладилник

Производите изгледаат свежо, се минимизира стеснувањето и калирањето. Ова значи само по себе дека се заштедува на производ, се намалува загубата што би настанала со конвенционалниот начин на смрзнување. Не се создаваат кристали од водата, не се нарушува структурата на храната, се зачувува формата и убавиот изглед на производот исто како да е свеж, и кога ќе се одмрзне, има свежина и арома која не се губи во процесот на замрзнување.

2. Заштедувате време и пари.

Со самото тоа што ќе ја намалите загубата, трошите помалку време на замрзнување, заштедувате време и пари. Ладилникот ви овозможува и готвени оброци да подготвите пред време и со тоа што ќе ги замрзнете брзо во шок ладилник ќе имате на располагање свеж оброк како на денот на замрзнувањето, со непроменета боја, форма и арома. Затоа можете да бидете однапред подготвени дури и за големи настани, како би можеле да заштедите на труд, време и што е најважно ќе избегнете стрес.

3. Безбедност.

Безбедноста на храната е на прво место, а со тоа што значително се скратува времето на замрзнување, се скратува и изложеноста на потенцијална опасност од бактерии и други патогени микроорганизми.

flash 10

Вивавак Компани ви нуди високо квалитетни шок ладилници со разни капацитети за вашите различни потреби. Ладилниците имаат опција за позитивно и негативно разладување, од +3 до -18 степени целзиусови. Во стандардните опции се вклучени и сонди за испитување на температурата во внатрепноста на ладилникот, како и во внатрешноста на производот. Идеални се за ресторани, пекари, слаткарници, кетеринг, производство на смрзната храна (овошје, зеленчук, месо, риба…) Контактирајте не за понуда или дополнителни информации. Стоиме на располагање!

Bookmark the permalink.

Comments are closed