Вакуум фолија за пакување со термоформирачки вакуум линии.

термоформирачка фолија

Што е вакумирање?

Вакумирање е процес на отстранување на воздухот од зададен простор. Во прехранбената индустрија, овој начин на пакување значи отстранување на воздухот од опаковката пред да се залепи. Овој метод може да биде рачен или автоматски. При рачниот процес се користат вакуум кеси, а при автоматскиот се користи вакуум фолија.

Постојат повеќе начини на поделба на вакуум фолијата:

1. Според намената

  • Долна фолија – фолијата којашто се формира во соодветни калапи кои подоцна се полнат со продукти;
  • Горна фолија – служи за лепење со долната фолија без формирање.

2. Според дебелината

  • Мека фолија – од 20 до 240 микрони;
  • Тврда фолија – од 240 микрони па нагоре.

3. Според составот

  • PA/PE – комбинација од полиамид и полиетилен;
  • PE/PA/EVOH/PA/PE – комбинација од полиамид, полиетилен и етилвинил алкохол;
  • PP/PA/EVOH/PA/PP – комбинација од полипропилен, полиамид и етилвинил алкохол.

4. Според слоевите – трослојна, петслојна, седумслојна, единаесетслојна, четиринаесетслојна, итн.

5. Според бариерните својства

  • Фолија со целосна бариера;
  • Фолија со половична бариера.

vacuum film

Фолијата може да биде транспарентна или во најразлични бои, како и печатени според потребите на клиентот. Вакуум фолијата освен тоа што го штити производот од надворешните атмосферски влијанија треба да обезбеди и промотивно влијание со нејзиниот изглед.

За да бидете сигурни дека вашата фолија ги задоволува овие критериуми, обратете се во Вивавак Компани.

 

Bookmark the permalink.

Comments are closed