МАШИНИ ЗА ПАКУВАЊЕ НА ХРАНА ВО МОДИФИЦИРАНА АТМОСФЕРА
Пакување во модифицирана атмосфера (MAP- Modified Atmosphere Packaging) значи пакување на храната во опаковка во која се изменети пропорциите на кислород, јаглерод диоксид, азот, водена пареа и елементи во трагови. Овој процес е хигиенски што е особено важен во време на пандемија, но и без тоа, безбедноста на храната не треба да подлежи на компромис. Ваквото пакување ја ограничува микробната и биохемиската активност. Процесот се врши такашто се вади воздухот од опаковката и со специјални цевки се вбризгува контролираната мешавина на гасови. Овој тип на пакување е идеален за готови оброци, свежо месо, месни производи, риба и морски плодови, пекарски производи, свежо и сушено овошје и зеленчук, свежи тестенини, јаткасти плодови, млечни производи итн. Тоа е вистински избор за пакување на речиси сите типови храна, со тоа што се одржува свежината најдолг можен период и се минимизира загубата поради расипување.
Овие машини може да бидат полуавтоматски и автоматски, во зависност од кој капацитет му е потребен на клиентот, може да се посоветува и да се одбере погодна машина што ќе ги задоволува неговите потреби.
Во Вивавак Компани може да се најдат сите материјали коишто се неопходни за ваков тип на пакување: пластични канчиња, фолија, капаци, абсорбирачки подлоги, како и специјалните машини со кои се врши овој процес. За повеќе информации дојдете да не посетите или јавете се на 078 703 886.