НОВО во Вивавак Компани! Опрема за Sous Vide начин на готвење!

sous videНОВО во Вивавак Компани! Опрема за Sous Vide начин на готвење! Sous-vide (су вид) е начин на готвење и доаѓа од француските зборови sous vide што значи “под вакуум”. Овој метод на готвење се одвива такашто храната е прво спакувана во вакуум кеси, а потоа се става во водена бања на ниска температура со постојано контролирање на температурата. Храната на овој начин се готви подолго од обично, и на пониска температура.

Целта на овој вид на готвење е намирниците да бидат ранмномерно зготвени, и да се осигураме дека внатрешноста на храната е добро зготвена без да се изгори надворешноста. Друг бенефит од ова готвење е што храната ја задржува својата влажност и кревкост – не испарува и не гори. Храната ги задржува природните ароми и сокови што во било кој друг процес на готвење ги губи.

НОВО во Вивавак Компани! Опрема за Sous Vide начин на готвење!

Вметнувањето на храната во водената бања на точно определена температура спречува прекумерно готвење на храната. Кај конвенционалното готвење како печење во фурна или на скара, храната е изложена на премногу високи температури и речиси е невозможно да се утврди оптималното времетраење на готвење со цел да не биде недоволно зготвена или изгорена.

Најголемиот бенефит кај sous vide готвењето е што на ниските температури кои што се препорачани, клеточните ѕидови на храната не пукаат. На пример, при готвењето на месо, цврстиот колаген во сврзното ткиво може да биде хидролизиран во желатин без да се предизвика денатурација на протеините до тој степен што би се стврднала структурата и би се изгубила влажноста на месото. Напротив, кај зеленчукот, премногу мек зеленчук е знак на прекумерно готвење. Со sous vide методот зеленчукот ќе биде темелно подготвен и пастеризиран без да ја изгуби цврстата структура и свежина.

Дополнително, зачините, билките и сосовите кои се ставаат на храната непосредно пред вакумирање ја зачувуваат нивната арома многу поинтензивна отколку при конвенционалните методи на готвење и маринирање.

Вакумирањето во овој процес е важно затоа што овозможува храната да биде уредно и хигиенски спакувана, и да се складира многу подолго време во фрижидер, што е особено погодно за кетеринг услугите во ХОРЕКА секторот. Исто така, со вакумирањето се вади кислородот од спакуваниот производ, што спречува оксидирање на состојките на храната.

Опрема која е потребна за sous vide начинот на готвење е машина за вакумирање и систем за бавно готвење со помош на водена бања.

sous vide комплетВивавак Компани нуди високо квалитетни машини за вакумирање и системи за бавно готвење од Италијанскиот бренд Lavezzini, како и вакуум кеси за пакување на намирниците кои што би ги готвеле на овој начин. Заборавете на старомодниот начин на готвење и овозможете им на Вашите потрошувачи врвно гастрономско искуство!! За повеќе информации како и да закажете презентација, може слободно да не контактирате на 078 703 886 или vivavak@gmail.com.

Вакуум кеси за пакување со еднокоморни и двокоморни вакумерки.

vakum kesi

Вакумирањето е метод на пакување со кој се вади воздухот од кесата пред да се запечати. Овој метод вклучува внесување на производите во кеса, одстранување на воздухот одвнатре, и запечатување на кесата. Целта на вакумирањето е одстранување на кислородот од кесата, со што се продолжува рокот на траење на храната.

Пакувањето во вакуум го намалува атмосферскиот кислород во кесата, и на тој начин го ограничува размножувањето на аеробните бактерии и габите, кои се одговорни за “расипување” на храната. Покрај овој бенефит, вакуум пакувањето овозможува заштита на производот од влага, ароми, и пружа механичка заштита.

Најчесто се употребуваат вакуум кеси составени од полиамид (PA), и полиетилен (PE), застапени во различни варијанти од неколку слоја. Најчесто полиетиленот е долниот лепечки слој.

Вакуум кеси

Вивавак Компани нуди вакуум кеси со ширина од 50-500мм и должина од 50-1000мм, во дебелина од 50-150 микрони. Вакуум кесите можат да бидат транспарентни, во различни бои и печатени, во зависност од потребите на клиентот. Погледнете како изгледа процесот на вакумирање со вакуум кеси во следното видео: