Вакуум фолија за пакување на автоматска вакуум линија.

вакуум фолијаТранспарентната вакуум фолија има за цел да овозможи добра визуелна презентација на производот, максимална долготрајност и свежина на производот, како и заштита од влага, воздух, надворешни ароми и механичка заштита. За разлика од вакуум кесите кои се користат кај еднокоморни и двокоморни вакумерки, вакуум фолијата се користи за пакување на автоматска вакуум линија.

вакуум фолија транспарентна

За овој начин на пакување се потребни два типа на фолија: горна и долна.

Долната фолија треба да биде направена така што да го издржи процесот на термоформирање, притоа на краевите да остане доволно силна за да го заштити производот. Со новите технологии на производство, долната фолија може да има од 3 до 15 слоја, во зависност од бариерата којашто треба да се овозможи. Структрата на оваа фолија најчесто се состои од полиамид (PA), полиетилен (PE), полипропилен (PP) и EVOH. Во зависност од извлекувањето кое е потребно и типот на производот, има различни дебелини на долна фолија, почнувајќи од 80 микрони, па се до 240 микрони.

горна фолија златна

Горната фолија може да биде транспарентна, бела, златна или печатена по желба на клиентот. Дебелината на оваа фолија обично изнесува до 100 микрони, со тоа што таа не се истегнува. Вивавак Компани ви нуди горна и долна фолија со ширина од 70 до 460mm, и дебелина од 60 до 240микрони. Фолијата е со потекло од Европска Унија и ги има сите потребни сертификати и декларации. Има одлично истегнување и транспарентност.

вакуум фолија

Погледнете го видеото за да видите како изгледа процесот на вакуум пакување кај автоматска вакуум линија со термоформирачка фолија.

Вакуум фолија за пакување со термоформирачки вакуум линии.

термоформирачка фолија

Што е вакумирање?

Вакумирање е процес на отстранување на воздухот од зададен простор. Во прехранбената индустрија, овој начин на пакување значи отстранување на воздухот од опаковката пред да се залепи. Овој метод може да биде рачен или автоматски. При рачниот процес се користат вакуум кеси, а при автоматскиот се користи вакуум фолија.

Постојат повеќе начини на поделба на вакуум фолијата:

1. Според намената

  • Долна фолија – фолијата којашто се формира во соодветни калапи кои подоцна се полнат со продукти;
  • Горна фолија – служи за лепење со долната фолија без формирање.

2. Според дебелината

  • Мека фолија – од 20 до 240 микрони;
  • Тврда фолија – од 240 микрони па нагоре.

3. Според составот

  • PA/PE – комбинација од полиамид и полиетилен;
  • PE/PA/EVOH/PA/PE – комбинација од полиамид, полиетилен и етилвинил алкохол;
  • PP/PA/EVOH/PA/PP – комбинација од полипропилен, полиамид и етилвинил алкохол.

4. Според слоевите – трослојна, петслојна, седумслојна, единаесетслојна, четиринаесетслојна, итн.

5. Според бариерните својства

  • Фолија со целосна бариера;
  • Фолија со половична бариера.

vacuum film

Фолијата може да биде транспарентна или во најразлични бои, како и печатени според потребите на клиентот. Вакуум фолијата освен тоа што го штити производот од надворешните атмосферски влијанија треба да обезбеди и промотивно влијание со нејзиниот изглед.

За да бидете сигурни дека вашата фолија ги задоволува овие критериуми, обратете се во Вивавак Компани.