НОВО во Вивавак Компани! Опрема за Sous Vide начин на готвење!

sous videНОВО во Вивавак Компани! Опрема за Sous Vide начин на готвење! Sous-vide (су вид) е начин на готвење и доаѓа од француските зборови sous vide што значи “под вакуум”. Овој метод на готвење се одвива такашто храната е прво спакувана во вакуум кеси, а потоа се става во водена бања на ниска температура со постојано контролирање на температурата. Храната на овој начин се готви подолго од обично, и на пониска температура.

Целта на овој вид на готвење е намирниците да бидат ранмномерно зготвени, и да се осигураме дека внатрешноста на храната е добро зготвена без да се изгори надворешноста. Друг бенефит од ова готвење е што храната ја задржува својата влажност и кревкост – не испарува и не гори. Храната ги задржува природните ароми и сокови што во било кој друг процес на готвење ги губи.

НОВО во Вивавак Компани! Опрема за Sous Vide начин на готвење!

Вметнувањето на храната во водената бања на точно определена температура спречува прекумерно готвење на храната. Кај конвенционалното готвење како печење во фурна или на скара, храната е изложена на премногу високи температури и речиси е невозможно да се утврди оптималното времетраење на готвење со цел да не биде недоволно зготвена или изгорена.

Најголемиот бенефит кај sous vide готвењето е што на ниските температури кои што се препорачани, клеточните ѕидови на храната не пукаат. На пример, при готвењето на месо, цврстиот колаген во сврзното ткиво може да биде хидролизиран во желатин без да се предизвика денатурација на протеините до тој степен што би се стврднала структурата и би се изгубила влажноста на месото. Напротив, кај зеленчукот, премногу мек зеленчук е знак на прекумерно готвење. Со sous vide методот зеленчукот ќе биде темелно подготвен и пастеризиран без да ја изгуби цврстата структура и свежина.

Дополнително, зачините, билките и сосовите кои се ставаат на храната непосредно пред вакумирање ја зачувуваат нивната арома многу поинтензивна отколку при конвенционалните методи на готвење и маринирање.

Вакумирањето во овој процес е важно затоа што овозможува храната да биде уредно и хигиенски спакувана, и да се складира многу подолго време во фрижидер, што е особено погодно за кетеринг услугите во ХОРЕКА секторот. Исто така, со вакумирањето се вади кислородот од спакуваниот производ, што спречува оксидирање на состојките на храната.

Опрема која е потребна за sous vide начинот на готвење е машина за вакумирање и систем за бавно готвење со помош на водена бања.

sous vide комплетВивавак Компани нуди високо квалитетни машини за вакумирање и системи за бавно готвење од Италијанскиот бренд Lavezzini, како и вакуум кеси за пакување на намирниците кои што би ги готвеле на овој начин. Заборавете на старомодниот начин на готвење и овозможете им на Вашите потрошувачи врвно гастрономско искуство!! За повеќе информации како и да закажете презентација, може слободно да не контактирате на 078 703 886 или vivavak@gmail.com.

Машини за вакумирање од италијанскиот бренд Lavezzini.

Со цел да се обезбеди најдоброто пакување за вашиот производ, истиот треба да се заштити од надворешни влијанија: воздух, вода, микроорганизми, мириси. Притоа треба да се обезбеди подолг рок на траење на вашиот производ. Идеално решение за тоа е вакумирање во вакуум кеси со помош на вакумерките од италијанскиот бренд Lavezzini.

Вивавак Компани е генерален застапник за Lavezzini во Македонија. Овие машини за вакумирање имаат долгогодишна традиција и беспрекорен квалитет, коишто би го задоволиле и најпребирливиот клиент. Машините се со модерен дизајн и опремени со сензори за регулирање на фазата на вакуумот, како и функција за автоматско самопрочистување на вакуум пумпата.

Lavezzini DG30

Машината е конструирана такашто може лесно да се отвори при промена на масло или при потреба од сервис. Капакот се отвара под агол од 90º што овозможува лесен пристап до вакуум пумпата.

lavezzini Vivavak

Брендот Lavezzini располага со широка гама на машини за вакумирање, треј силери, како и апарати за готвење на ниска температура (sous vide cooking). Постојат различни модели на еднокоморни и двокоморни вакумерки кои се разликуваат по капацитетот на вакуум пумпата, димензиите на комората, софтверот со кој работат како и дизајнот според намената.

За сите машини од брендот Lavezzini Вивавак Компани дава гаранција и обезбедува сервис за истите. За повеќе информации околу машините и тестирање на истите, можете да не контактирате на телефонските броеви или на email.