МАШИНИ ЗА ПАКУВАЊЕ НА ХРАНА ВО МОДИФИЦИРАНА АТМОСФЕРА

МАШИНИ ЗА ПАКУВАЊЕ НА ХРАНА ВО МОДИФИЦИРАНА  АТМОСФЕРА

KV600 traysealer

машина за пакување на храна во МАП/ machine for MAP traysealer food packaging KV600

Пакување во модифицирана атмосфера (MAP- Modified Atmosphere Packaging) значи пакување на храната во опаковка во која се изменети пропорциите на кислород, јаглерод диоксид, азот, водена пареа и елементи во трагови. Овој процес е хигиенски што е особено важен во време на пандемија, но и без тоа, безбедноста на храната не треба да подлежи на компромис. Ваквото пакување ја ограничува микробната и биохемиската активност. Процесот се врши такашто се вади воздухот од опаковката и со специјални цевки се вбризгува контролираната мешавина на гасови. Овој тип на пакување е идеален за готови оброци, свежо месо, месни производи, риба и морски плодови, пекарски производи, свежо и сушено овошје и зеленчук, свежи тестенини, јаткасти плодови, млечни производи итн. Тоа е вистински избор за пакување на речиси сите типови храна, со тоа што се одржува свежината најдолг можен период и се минимизира загубата поради расипување.

Автоматска машина за пакување на храна во МАП/automatic bowl closing machine for MAP

Автоматска машина за пакување на храна во МАП/automatic bowl closing machine for MAP

Овие машини може да бидат полуавтоматски и автоматски, во зависност од кој капацитет му е потребен на клиентот, може да се посоветува и да се одбере погодна машина што ќе ги задоволува неговите потреби.

готови оброци во МАП/cooked meals in MAP

готови оброци во МАП/cooked meals in MAP

пакување на храна

пакување на храна

свежо месо во МАП

свежо месо во МАП

Во Вивавак Компани може да се најдат сите материјали коишто се неопходни за ваков тип на пакување: пластични канчиња, фолија, капаци, абсорбирачки подлоги, како и специјалните машини со кои се врши овој процес. За повеќе информации дојдете да не посетите или јавете се на 078 703 886.

Пакување во модифицирана атмосфера (MAP)

MAP

Пакување во модифицирана атмосфера (MAP- Modified Atmosphere Packaging) значи пакување на храната во опаковка во која се изменети пропорциите на кислород, јаглерод диоксид, азот, водена пареа и елементи во трагови. Овој процес ја ограничува микробната и биохемиската активност.

Процесот се врши такашто се вади воздухот од опаковката и со специјални цевки се вбризгува контролираната мешавина на гасови.

MAP sausage

Предности на пакувањето во модифицирана атмосфера:

  • ги штити од оксидација намирниците кои содржат масти и ароматични материи;
  • ја одржува свежината на намирниците;
  • обезбедува подолг рок на траење без промена на боја.

Модифицираната атмосфера претставува водечка технологија во зачувување на прехрамбените производи. Технологијата на пакување во модифицирана средина се состои во примена на гасови во тек на пакувањето на различни производи со цел да се одржи квалитетот од производителот до потрошувачот.

Овој тип на пакување е идеален за месо, месни производи, риба и морски плодови, пекарски производи, свежо и сушено овошје и зеленчук, јаткасти плодови, млечни производи итн. Тоа е вистински избор за пакување на речиси сите типови храна, со тоа што се одржува свежината најдолг можен период и се минимизира загубата поради расипување.

Материјалите за пакување се комбинација од различни пластични материјали (PET, APET, HDPE, PP, PVC, CPET, EVA). Треба да се одликуваат со следново:

  • механичка јачина – граница за водена пареа (за да се спречи губење на тежина и дехидратација);
  • гасна бариера;
  • особини против замаглување (antifog).

MAP

Во Вивавак Компани може да се најдат сите материјали коишто се неопходни за ваков тип на пакување: пластични канчиња, фолија, капаци, абсорбирачки подлоги, како и специјалните машини со кои се врши овој процес. За повеќе информации дојдете да не посетите или јавете се на 078 703 886.