Вакуум фолија за пакување со термоформирачки вакуум линии.

термоформирачка фолија

Што е вакумирање?

Вакумирање е процес на отстранување на воздухот од зададен простор. Во прехранбената индустрија, овој начин на пакување значи отстранување на воздухот од опаковката пред да се залепи. Овој метод може да биде рачен или автоматски. При рачниот процес се користат вакуум кеси, а при автоматскиот се користи вакуум фолија.

Постојат повеќе начини на поделба на вакуум фолијата:

1. Според намената

  • Долна фолија – фолијата којашто се формира во соодветни калапи кои подоцна се полнат со продукти;
  • Горна фолија – служи за лепење со долната фолија без формирање.

2. Според дебелината

  • Мека фолија – од 20 до 240 микрони;
  • Тврда фолија – од 240 микрони па нагоре.

3. Според составот

  • PA/PE – комбинација од полиамид и полиетилен;
  • PE/PA/EVOH/PA/PE – комбинација од полиамид, полиетилен и етилвинил алкохол;
  • PP/PA/EVOH/PA/PP – комбинација од полипропилен, полиамид и етилвинил алкохол.

4. Според слоевите – трослојна, петслојна, седумслојна, единаесетслојна, четиринаесетслојна, итн.

5. Според бариерните својства

  • Фолија со целосна бариера;
  • Фолија со половична бариера.

vacuum film

Фолијата може да биде транспарентна или во најразлични бои, како и печатени според потребите на клиентот. Вакуум фолијата освен тоа што го штити производот од надворешните атмосферски влијанија треба да обезбеди и промотивно влијание со нејзиниот изглед.

За да бидете сигурни дека вашата фолија ги задоволува овие критериуми, обратете се во Вивавак Компани.

 

Вакуум кеси за пакување со еднокоморни и двокоморни вакумерки.

vakum kesi

Вакумирањето е метод на пакување со кој се вади воздухот од кесата пред да се запечати. Овој метод вклучува внесување на производите во кеса, одстранување на воздухот одвнатре, и запечатување на кесата. Целта на вакумирањето е одстранување на кислородот од кесата, со што се продолжува рокот на траење на храната.

Пакувањето во вакуум го намалува атмосферскиот кислород во кесата, и на тој начин го ограничува размножувањето на аеробните бактерии и габите, кои се одговорни за “расипување” на храната. Покрај овој бенефит, вакуум пакувањето овозможува заштита на производот од влага, ароми, и пружа механичка заштита.

Најчесто се употребуваат вакуум кеси составени од полиамид (PA), и полиетилен (PE), застапени во различни варијанти од неколку слоја. Најчесто полиетиленот е долниот лепечки слој.

Вакуум кеси

Вивавак Компани нуди вакуум кеси со ширина од 50-500мм и должина од 50-1000мм, во дебелина од 50-150 микрони. Вакуум кесите можат да бидат транспарентни, во различни бои и печатени, во зависност од потребите на клиентот. Погледнете како изгледа процесот на вакумирање со вакуум кеси во следното видео:

Нудиме етикети за вино со највисок квалитет!

Нудиме етикети за вино со највисок квалитет!

Нашите етикети се печатат на најнова дигитална машина со цифрова технологија која овозможува резолуција од 1200 dpi. Со тоа совршено доаѓаат до израз и најситните детали.

Карактеристики на етикетите:

  • Етикетите се на ролна (за рачно и автоматско етикетирање);
  • Можност за печатење на мали, средни и големи серии;
  • Етикетите можат да бидат лакирани со УВ лак и ламинирани;
  • Разни структури на етикетите (метализирани, хартиени, полипропиленски);
  • Богат избор на штанци;
  • Фотореалистично цифрово печатење;
  • Разни видови на додатоци (студен и топол печат, релјеф, ситообемен или селективен лак).

Погледнете ја галеријата со дел од веќе постоечките етикети. Доколку сте заинтересирани, не се двоумете да не контактирате!

pazva

naniz

lenea

lenea1

lenea2

lenea3

lovech