Пакување во модифицирана атмосфера (MAP- Modified Atmosphere Packaging) значи пакување на храната во опаковка во која се изменети пропорциите на кислород, јаглерод диоксид, азот, водена пареа и елементи во трагови. Овој процес ја ограничува микробната и биохемиската активност.
Процесот се врши такашто се вади воздухот од опаковката и со специјални цевки се вбризгува контролираната мешавина на гасови.
Предности на пакувањето во модифицирана атмосфера:
- ги штити од оксидација намирниците кои содржат масти и ароматични материи;
- ја одржува свежината на намирниците;
- обезбедува подолг рок на траење без промена на боја.
Модифицираната атмосфера претставува водечка технологија во зачувување на прехрамбените производи. Технологијата на пакување во модифицирана средина се состои во примена на гасови во тек на пакувањето на различни производи со цел да се одржи квалитетот од производителот до потрошувачот.
Овој тип на пакување е идеален за месо, месни производи, риба и морски плодови, пекарски производи, свежо и сушено овошје и зеленчук, јаткасти плодови, млечни производи итн. Тоа е вистински избор за пакување на речиси сите типови храна, со тоа што се одржува свежината најдолг можен период и се минимизира загубата поради расипување.
Материјалите за пакување се комбинација од различни пластични материјали (PET, APET, HDPE, PP, PVC, CPET, EVA). Треба да се одликуваат со следново:
- механичка јачина – граница за водена пареа (за да се спречи губење на тежина и дехидратација);
- гасна бариера;
- особини против замаглување (antifog).
Во Вивавак Компани може да се најдат сите материјали коишто се неопходни за ваков тип на пакување: пластични канчиња, фолија, капаци, абсорбирачки подлоги, како и специјалните машини со кои се врши овој процес. За повеќе информации дојдете да не посетите или јавете се на 078 703 886.



