Вакуум кеси за пакување со еднокоморни и двокоморни вакумерки.

vakum kesi

Вакумирањето е метод на пакување со кој се вади воздухот од кесата пред да се запечати. Овој метод вклучува внесување на производите во кеса, одстранување на воздухот одвнатре, и запечатување на кесата. Целта на вакумирањето е одстранување на кислородот од кесата, со што се продолжува рокот на траење на храната.

Пакувањето во вакуум го намалува атмосферскиот кислород во кесата, и на тој начин го ограничува размножувањето на аеробните бактерии и габите, кои се одговорни за “расипување” на храната. Покрај овој бенефит, вакуум пакувањето овозможува заштита на производот од влага, ароми, и пружа механичка заштита.

Најчесто се употребуваат вакуум кеси составени од полиамид (PA), и полиетилен (PE), застапени во различни варијанти од неколку слоја. Најчесто полиетиленот е долниот лепечки слој.

Вакуум кеси

Вивавак Компани нуди вакуум кеси со ширина од 50-500мм и должина од 50-1000мм, во дебелина од 50-150 микрони. Вакуум кесите можат да бидат транспарентни, во различни бои и печатени, во зависност од потребите на клиентот. Погледнете како изгледа процесот на вакумирање со вакуум кеси во следното видео:

Bookmark the permalink.

Comments are closed